Филипче: Нема да има полициски час за Велигден и за Бајрам

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Епидемиолошката крива е во опаѓање и бројот на новозаболени од ковид се намалува, информираше на денешната прес конференција министерот за здравство, Венко Филипче. Тој додаде дека деновиве се забележува и намалување на притисокот врз болниците и оти бројот на хоспитализации се намалува.

Министерот информираше дека Кризниот штаб ќе предложи до владата за следниот период да ги предложат следниве мерки:

„Да се отворат летните тераси во сите угостителски објекти, полицискиот час да се скрати и да започне од 21:00 часот, а за празниците Велигден, тоа е сабота кон недела и 12-ти кон 13-ти, кога се слави рамазан Бајрам, да нема полициски час“, рече Филипче.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот