Филипче: Нема да дозволиме ниту едно дете да биде запишано ниту во училиште, ниту во градинка невакцинирано

Неколку пати потенциравме дека има важечка законска регулатива. Точно е дека во делот на законот за основно образование има некои контрадикторности, но нема да дозволиме ниту едно дете да биде запишано ниту во училиште, ниту во градинка невакцинирано, заради тоа што не може волјата на родителот да биде посилна од правото на детето да биде здраво, а при тоа не може со една индивидуална постапка да се загрозува и колективното здравје кое е над се, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.

– На овој начин не се крати никакво право, заради тоа што најбитно е здравјето на детето и колективното здравје, рече Филипче, одговарајќи на новинарско прашање за граѓанска иницијатива за донесување закон за изменување на Законот за заштита на населението од заразни болести на 129 граѓани, што денеска не беше разгледана на седницата на собраниската Комисија за политички систем, бидејќи поради немање кворум таа беше одложена и ќе биде закажана, како што беше истакнато, најверојатно на 6 мај или 7 мај по завршувањето на вториот круг од изборите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот