Филипче: Нема да брзаме со отворање на градинките

Фото: Архива на Слободен печат

Планот за отворање на градинките е утврден од МТСП. Има уписи за деца кои не се упишани и оние кои нема кај да ги носат децата, а тоа оди паралелно со процесот на враќање на вработените во градинките. Нема да брзаме со отворање на градинките, соопшти министерот Венко Филипче на денешната конференција.

– Секоја земја ќе води сметка за националната политика. Утрово добивме вест од Бугарија за отворање на границите, ние од понеделник натаму ќе одлучуваме. Се уште сметаме дека треба регионален пристап за тоа прашање. Во однос на кластерите лесно се одредуваат, бидејќи произлегуваат од епидемиолошките прашалници. Има цели семејства, жално е што вчера за увидот не ги почитувале мерките за самоизолација – изјави Филипче.

– По примерот на Дебар ќе се прават карантини и органичување на движење во рамките на тој регион, доколку се донесе таква одлука – додаде министерот за здравство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот