Филипче: Не знаеме каква есен нè чека, мора да бидеме внимателни особено со децата

Се спремаме за лоши сценарија со многу пациенти, но се надевам дека луѓето ќе бидат свесни и дека ќе се придржуваат до превентивните мерки, вели министерот за здравство Венко Филипче во интервју за МКД.мк.

Вие лично за што сте, во однос на организирањето на наставата?

Зазедовме став на Комисијата и мислам дека предлогот е сосема солиден, до трето одделение со физичко присуство, празни ќе бидат училиштата, а другите да бидат со онлајн-настава. Се соочуваме со еден период во кој во ниту една земја во светот не се знае што ќе биде. Не знаеме каква есен нè чека. Дополнително сезонски грип, колку пациенти ќе има… Така што, мора да бидеме внимателни особено со оваа категорија.

Но уште сега има родители што велат нема да ги пуштат децата на училиште…

Нашите препораки се темелат на епидемиолошките сознанија, а МОН треба да одговори за другите предизвици.

Вие лично мислите дека треба да одат?

Апсолутно мислам дека солидна е препораката за од прво до трето одделение. Мислам дека треба да одат во училиште ако се согласни родителите.

А ако не се согласни?

Тогаш треба да има и онлајн-модел.

Од друга страна, има и забелешки околу тоа како деца од прво одделение ќе учат онлајн кога не ги знаат ни буквите?

Подобро е и поважно да биде детето здраво во период кога не ги знаеме околностите во однос на вирусот, а сѐ друго може да се надомести. Здравјето тешко.

Целото интервју прочитајте го ТУКА.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот