Филипче не знае дали Сашо Мијалков контактирал со епидемиолози и дали направил ПЦР тест

Министерот за здравство Венко Филипче попладнево на прес конференција на граничниот премин Табановце при примањето на втората пратка од донираните фајзерови вакцини од Србија, одговарајќи на новинарско прашање рече дека не знае дали Сашо Мијалков контактирал со епидемиолози и претставници на Државниот здравствен и санитарен инспекторат согласно неговата изјава.

– Во делот на соевите и мутациите, сега во овој момент се прави анализа на серија за која што лабораторијата во МАНУ. Целта е да се види колкав процент од дијагностицираните е поради британскиот сој. Последната анализа укажа дека педесет проценти. Во последните денови гледаме зголемување на позитивни од вкупниот број направени тестови, рече Филипче.

На следното новинарско прашање, дали е можно Мијалков двапати да се зарази со коронавирусот за четири месеци, со оглед на тоа што веќе го имал вирусот во октомври минатата година, Филипче даде општ одговор.

– Нема публикации за случаи на реинфекција. Тие случаи сега се анализираат. Сега се прават студии дали полесно преносливиот британски сој е поголем ризик. И тоа во делот на науката не е точно утврдено, рече министерот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот