Филипче: Не се оптоварувам со тоа дали ќе бидам сменет, фокусирани сме на менаџирање на пандемијата

Фото: Слободен печат. / Драган Митрески

Министерот за здравство Венко Филипче, одговарајќи на новинарски прашања дали би можел да се најде во реконструкцијата на Владата, вели дека за тоа прашање допрва треба да се разговара и оти не се оптоварува дали ќе биде опфатен од најавената реконструкција. Нема одговор и дали очекува да биде тргнат од министерската функцијата.

– Тоа е нешто за што допрва треба да се разговара. Тие политички процеси се преговараат со партиите за парламентарното мнозинство. Тој процес ќе трае. Треба да работи, да остане тој кој се пронаѓа себеси во министерската работа, без разлика на ресорот, тој што покажал резултати, а евидентни се критериумите за успех во работата. Тоа го прави премиерот. Не се оптеретувам со тој дел, фокусирани сме на менаџирање на пандемијата“,  рече Филипче.

Тој вели дека во тие политички процеси се разговара и со партиите за парламентарното мнозинство, така што, вели, тој процес ќе трае.

Вчера вицепремиерот за економски прашања, кој е и потпретседател на СДСМ, Фатмир Битиќи вчера најави реконструкција на Владата со смена на шест до седум министри.

– Во нашето општество скоро е невозможно да имате премиер различен од претседател на носечката партија освен ако нема техничка или експертска влада. Сега следува консолидација на партијата и понатаму нов мандатар за нова влада. Сметам дека наскоро ќе добиеме „Заев 3″ влада, повторно предводена од Заев со тоа што ќе се сменат шест, седум министри. Мислам дека тој ни треба за да продолжат некои процеси, изјави Битиќи.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот