Филипче: Не кажавме дека вакцината целосно штити, околу 9% од смртните случаи се вакцинирани

Венко Филипче Фото: Слободен печат. / Драган Митрески

„Никогаш, ниту јас ниту бил кој здравствен работник во светот не сме кажале дека вакцината целосно штити од вирусот. Штити од тешка форма на болеста и од смртност. Околу 9% од смртните случаи се вакцинирани, но тоа се пациенти кои имаа тешка состојба и со сериозни коморбитети. посочи министерот за здравство Венко Филипче на денешната пресконференција.

-Разговараме со колегите од другите земји, и секаде болниците се оптоварени со невакцинирани. И од тука не можеме да предвидиме со ситуацијата во пандемијата, веројатно ќе има нови соеви, но вакцината е таа што штити од смртен исход или тешка форма на болеста, додаде тој.

Тој кажа дека во последно време не се полнат болниците со онаа динамика претходно.

„Во последно време не се полнат болниците како што беше и тоа е добро. Интерните одделенија се подготвени, иако веќе има пациенти.“, кажа Филипче.

Како што вели тој трендот на вакциниранње во нашата земја се одвива со добра динамика.

„Во државата со вчерашниот ден се вакцинирани со прва доза околу 740 илјади граѓани. Секојдневно имаме над 13-14 илјади аплицирани вакцини. Ако со овој тренд продолжи ќе биде добро. Над 43 години се вакцинирани вкупно 54% од населението, вкупно е нешто помалку, што значи дека интересот е помал кај младите“, изјави Филипче кој додаде дека најголемиот број од пациентите во болниците се невакцинирани.

Филипче кажа дека ниту тој, ниту некој друг во Светот не кажал дека вакцината целосно штити, туку дека штити од сериозна тешка форма на болеста.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот