Филипче: Наскоро ќе биде познато како ќе се финансира изградбата на Клиничкиот центар

Фото: МИА

Тој денеска во Штип одговарајќи на новинарски прашања изјави дека во Министерството за финансии во тек е евалуацијата на двата начина на финансирање – преку комерицијалните банки или преку развојните банки.

Министерот за здравство Венко Филипче очекува во следниот период да биде донесена конечната одлука за начинот на кој ќе се финансира изградбата на Клиничкиот центар.

Тој денеска во Штип одговарајќи на новинарски прашања изјави дека во Министерството за финансии во тек е евалуацијата на двата начина на финансирање – преку комерицијалните банки или преку развојните банки.

– Комерцијалните банки имаат едни постапки што се водат согласно нашите закони, а развојните банки имаат постапки што се водат согласно нивните закони односно законот на Светска банка, како што е впрочем финансирањето на Болницата во Штип. Во периодот што следи, верувам дека ќе се донесе дефинитивна одлука на кој начин ќе се прави финансирањето за ние во рамки на Министерството за здравство да може да ја продолжиме веќе започнатата постапка на конкурентен дијалог, односно да ја отвориме втората фаза на преговори со економските оператори кои веќе конкурираа и беа избрани, изјави Филипче.

Тој верува дека наскоро ќе се започне со работа на терен, а пред поставувањето на камен-темелникот, како што појасни, претходат многу други работи за што веќе и се префрлени средства на општина Ѓорче Петров.

Во однос на промената на проектот за Штипската болница, Филипче соопшти дека процесот на ревизија е официјално завршен и оти наскоро се очекува интензивирање на работите.

– Бевме обвинети дека има нешто спротивно на законот. Морам да кажам дека тоа е апсолутно невистина. Апелирам до опозицијата да не се служи со ширење на невистини. Вистината е дека е дозволено да има таква форма на варијација која нема да надмине 50 проценти од вкупната сума на проектот, а оваа конкретно изнесува 24 проценти. Во периодот што следи треба тие варијации да се потпишат од сите страни за да може да се почне со работа онаму каде што се застана, односно онаму каде што се увидоа недостатоците во проектот, рече Филипче додавајќи дека во меѓувреме се работело на работи за кои не требало ревизија како што е фасадата или помали работи.

Дел од проектот, како што посочи Филипче, ќе биде и изградбата на бункерот во кој треба да биде сместен акцелераторот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот