Филипче: Најновите рестрикции ќе превенираат прекршување на постоечките мерки

Досегашните мерки дадоа резултат што се гледа во зарамнување на епидемиолошката крива, вели во своето вечерашно гостување во емисијата „200“ на Алсат, министерот за здравство, Венко Филипче. Како што додаде тој, факторот на пренос почнал да се намалува на ниво на цела држава, со исклучок на градовите Тетово, Битола, Куманово и Кичево. Филипче ја објасни и оправданоста од најновите рестрикции во земјава.

„Оваа дополнителна рестрикција има за цел да не се соочиме со дополнителен притисок заради прекршување на мерките за време на празниците. Почнуваат Рамазанските пости, пред нас е и Велигден, а сведоци сме дека минатата година прекршување на мерките за време на овие празници направи огромен број на новозаболени и притисок врз болниците“, рече Филипче.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот