Филипче најави повисоки плати за сите вработени во јавното здравство

Министерот за здравство, Венко Филипче најави зголемување за пет отсто на платите за сите вработени во јавно-здравствените установи. Во денешното гостување во емисијата „Утрински брифинг”, Филипче истакна дека покачувањето ќе биде и за медицинскиот, и за немедицинскиот пероснал вработен во здравствените установи.

– Тоа што денес треба да го утврдиме со Синдикатот е зголемувањето на платите за 5% на сите коишто се вработени во здравствениот сектор. Покачување на платите ќе има и за здравствени работници, и нездравствени работници и тоа треба да започне од месец март. Покачувањето е од овој месец односно на мартовската плата којашто се исплаќа во месец април, изјави Филипче.

Од Министерството за здравство посочуваат дека во континуитет се инвестира во човечки ресурси, освен зголемување на платите на здравствените работници и останатите вработени во јавно здравствените установи, во услови на ковид пандемија се реализираа 446 нови вработувања во јавното здравство. Со новите вработувања и зголемувањата на платите, се создаваат услови секој млад здравствен работник својата иднина и кариера да ја гледа во својата земја, неведуваат од МЗ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот