Филипче: Над 90 проценти од починатите пациенти се невакцинирани

Венко Филипче Фото: Слободен печат. / Драган Митрески
Се намалува бројот на пациенти во државава. ИЈЗ направи анализа и се забележува дека секојдневно има околу 500 нови дијагностицирани на ден, изјави денеска министерот за здравство, Венко Филипче.

– Се прави детална анализа за да знаеме дали после ова не очекува нов бран или ќе продолжи трендот на намалување. Од тоа ќе знаеме дали ќе предложиме нови мерки. Вакцинацијата добро се спроведува. Последниве денови има намалување на интерерсот. 46 проценти над 18 години се вакцинирани, 37 проценти од целокупниот број на население се вакцинирани. Најмалку вакцинирани има во Тетово и Гостивар, вели Филипче.

Од октомври на јавни настани ќе се влегува исклучиво со сертификат за две примени дози вакцина!

 

Како што информира министерот, над 90 проценти од починатите пациенти се невакцинирани. Исто така, нема зголемување на бројот на хоспитализирани деца.

ИНФОГРАФИК: И тие што прележале ковид имаат имунитет, ама вакцината го „цементира“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот