Филипче: Над 8.000 граѓани се пријавија за вакцинирање преку vakcinacija.mk за само неколку часа

фото Архива
За само неколку часа има повеќе од 8.000 регистрирани граѓани на веб-страницата www.vakcinacija.mk која денеска е пуштена во употреба, соопшти вечерва министерот за здравство, Венко Филипче на својот Фејсбук профил.
Со пополнување на апликацијата достапна на оваа веб-страница, граѓаните искажуваат интерес за вакцинација против ковид-19. Сите апликации ќе бидат внесени во системот „Мој Термин” и нема потреба граѓаните дополнително да го ажурираат податокот или да го бараат и информираат својот матичен лекар за регистрирањето.
– Согласно распоредот предвиден во планот за вакцинација, матичниот лекар ќе ве повика и ќе ве информира за точниот датум и час кога треба да се вакцинирате на пунктот кој ќе го изберете при регистрацијата. Во прва фаза ќе се вакцинираат здравствените работници и граѓаните над 70 години. Сите останати кои се регистрирале ќе бидат контактирани во матичниот тогаш кога нивната група ќе биде на ред за вакцинирање согласно националната стратегија, соопшти претходно Министерството за здравство.
Министерството посочи дека вакцинирањето е доброволно и се спроведува согласно стратегијата за вакцинација во нашата земја и порача дека вакцината е единствениот начин за да го победиме коронавирусот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот