Филипче на средба со 16-годишната Миа која боледува од дијабет: Наша цел е да обезедиме бесплатни сензори за сите пациенти

Венко Филипче на средба со 16 – годишната Миа која боледува од дијабетес/ Фото: Фејсбук

Кога ја прочитав вчерашна сторија за 16 – годишната Миа која има дијабетес веднаш ја исконтактирав и ја поканив да се сретнеме. Миа и нејзината мајка Јасмина денеска на мое големо задоволство ми беа гости на работа. Лично сакав да и соопштам дека денеска започна постапката за набавка на сензори за дијабет кои за прв пат во нашата земја ќе им бидат достапни бесплатно на пациентите. Во првата фаза набавуваме сензори за сите деца до 18 години, група во која спаѓа и мојата денешна гостинка, објави на својот фејсбук профил министерот за здравство Венко Филипче.

Со следната набавка, посочува министерот, ја зголемуваме и годишната граница, наша цел е да обезедиме бесплатни сензори за сите пациенти со дијабетес и со тоа значително да им го зголемиме квалитетот на животот.

-Ова е последниот сегмент за целосна промена на сликата за третманот на пациентите со дијабет во нашата земја. Ги имаме најсовремените оригинални инсулини, со кои обезбедуваме третман на дијабетот по примерот на земјите во Европа, напиша Филипче.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот