Филипче се сретна со дел од хирурзите од ГОБ „8 Септември“: Привремено ќе се реши проблемот со операциите

Министерот за здравство д-р Венко Филипче на средба со претставници на хируршкиот колектив на ГОБ 8 Септември и со директорот на болницата д-р Христијан Костов/ Фото: МИА

Министерот за здравство д-р Венко Филипче попладнево оствари средба со претставници на хируршкиот колектив на ГОБ 8 Септември и со директорот на болницата д-р Христијан Костов.

На средбата беа разгледани повеќе аспекти од состојбата, односно во ГОБ 8 Спетември во моментов се лекуваат 100 пациенти со ковид, па оттука и редуцираноста на бројот на хируршки одделенија, но сепак со запазување на итни случаи како малигноми и фрактури.

Тие интервенции се одвиваат тековно. За време на средбата се најде привремено решение за оперативниот програм за следната недела, а во тек на престојните денови министерот со лекарите ќе разговараат и за трајно решение за предизвикот.

Претходно вработените во хируршките одделенија при ГОБ „8 Септември“  информираа дека не можат да добијат прием кај директорот на болницата доктор Христијан Костов зашто имаат долготраен проблем со функционирањето на хируршките сали во болницата. Тие најавија дека од 27 септември, ќе биде прекинат елективниот хируршки програм во болницата, освен за пациенти кои се во животозагрозувачка состојба. 

Министерството за здравство апелира граѓаните да се вакцинираат, најголем број од пациентите се невакцинирани и тоа сериозно го оптеретува здравствениот систем.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот