Филипче: На седницата ќе предложиме полицискиот час викендов да започне од 19 часот

Министерот за здравство, Венко Филипче на денешната прес-конференција за медиумите изјави дека на денешната седница ќе даде предлог полицискиот час за викендот да почнува од 19 часот и да заврши во 05 часот следниот.

-На состанок на Комисијата за заразни болести утрово е предложено полицискиот час викендов да трае од 19 навечер до 5 часот наутро. Предлогот е доставен до Централниот кризен штаб на Владата која на седница од 16 часот ќе одлучува за овој предлог- рече министерот за здравство Венко Филипче попладнево на прес-конференцијата.

Во однос на олабавувањето на мерките, кои би се применувале од понеделник останува, рече, да се следи состојбата денес, да се утврди дали ќе има повеќе од 5 проценти заразени од вкупниот број тестирања, како што се случи во претходниот ден, или е тоа само варијација.

Филипче ги осуди и сите оние кои присуствуваа на собирот во Струга и рече дека очекува темелна истрага за собирот и санкции за присутните.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот