Филипче: На Инфективната клиника е примена родилка од Скопје, заразена со Ковид-19

Министерот Венко Филипче на денешната прес-конференција ги сподели најновите информации за Кови-19. Тој посочи дека денеска се оздравени рекорден број на заболени и тоа 126.

-Ова е највисоката бројка на оздравени и се надевам дека овој тренд ќе продолжи, рече Филипче.

Тој посочи дека за жал се регистрирани и двајца починати.

-Пациентка од Липково (Куманово) на 49 години, примена на 03 април со потешкотии во дишење и веднаш поставена на респиратор и 73 годишен пациент од Скопје, примен на 19 април во многу тешка општа состојба, велат од министерството, рече Филипче.

Тој информира и дека на Инфективната клиника се примени нови три пациенти, од кои една родилка од Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот