Филипче: На 16-годишна пациентка во Скопје ѝ е извршена трансплантација на матични клетки од несроден донор

На 16-годишна пациентка на Универзитетската Клиника за хематологија во Скопје ѝ е извршена трансплантација на матични клетки од несроден донор, а материјалот за пресадување во земјава стигна преку патешествие, низ пет градови во Полска и Германија, напиша на Фејсбук, актуелниот министер за здравство Венко Филипче.

-Секоја донација на матични клетки има своја приказна. Досега на Клиниката пристигнаа матични клетки од Полска во неколку наврати, како и од Италија и Германија. Матичните клетки се транспортираат од донорскиот центар каде се врши земање од периферна крв или коскена срцевина на несродниот донор до Клиниката за хематологија во Скопје- стои во објавата на Фејсбук.

Проф. д-р Ирина Пановска-Ставридис, директорка на Клиниката за хематологија, вели дека во овие вонредно тешки времиња на пандемија од ковид-19, за нив како професионалци е огромен предизвик да овозможат непречено одвивање на овие интервенции, иако се исклучително отежнати комуникацијата, соработката и транспортот на органот, односно матични клетки од периферна крв или свежа коскена срцевина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот