Филипче: На 14 мај пристигнуваат 38 400 вакцини од „Астра-Зенека“

Венко Филипче / Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Министерот за здравство, Венко Филипче на својата Фејсбук страница ја сподели веста дека на 14 мај во Македонија ќе стигне втората пратка вакцини преку Ковакс механизмот.

– Добивме уште една добра вест од УНИЦЕФ попладнево. На 14 месецов ќе стигне втората пратка вакцини што ги обезбедивме преку Ковакс механизмот и ќе ни бидат испорачани 38 400 вакцини од производителот „Астра-Зенека“. Вакцини ќе продолжат да пристигнуваат во следниот период, апелирам сите граѓани да се пријават за вакцинaција на wwvw.vakcinacija.mk, напиша тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот