Филипче: МЗ купи најсофистицирани и најсовремени апарати за Клиниката за урологија

Министерството за здравство купи најсофистицирани и најсовремени апарати за Клиниката за урологија за хируршки зафати за пациенти/ Фото: МИА

Министерството за здравство купи најсофистицирани и најсовремени апарати за Клиниката за урологија за хируршки зафати за пациенти. Со помош на оваа најиновативна опрема, заедно со стручноста и експертизата на здравствените работници, Клиниката за урологија го обезбедува третманот со најдобри резултати на пациентите кои имаат потреба од лекување тука.

Станува збор за CR рентген, лапараскопски стол и ласер Тулиум кои се всушност последниот крик во медицината во областа на хирургијата, а веќе составен дел од операционите сали на Клиниката за урологија.

Попладнево министерот за здравство д-р Венко Филипче ги посети неговите колеги на Урологија, на тимот предводен од д-р Сашо Дохчев и му посака уште многу успешни операции.

Нашата грижа за пациентите продолжува. Пациентите заслужуваат здравствен систем по европски терк и наша цел е во целост да го спроведеме тоа, кажа министерот Филипче на неформалната средба.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот