Филипче: Можно е воведување на трета доза, а можно е и вакцината да стане сезонска

Венко Филипче Фото: Слободен печат. / Драган Митрески

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција во Гевгелија изјави дека можно е воведување на трета доза вакцина против коронавирус, а можно е и вакцината да стане сезонска.

Тој изјави дека има зголемување на бројките на заразени, меѓутоа тоа не е загрижувачки бидејќи така е низ целиот свет, а притисок во болниците нема. Моментално на Инфективната клиника се лекуваат 15 пациенти.

„Едното од можните сценарија е воведување на трета доза, а можно е вакцината да стане и сезонска. Вирусот нема да исчезне одеднаш и делта сојот нема да биде последен“, рече Филипче.

Министерот додаде дека интензивно ги следат препораките на СЗО и останатите земји во однос на вакцинацијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот