Филипче: Мобилната болница до Инфективната клиника е при крај, се поставуваат кревети (ВИДЕО)

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Министерот истакна дека капацитетот на Инфективната клиника не е целосно исполнет, односно дека е исполнета само 50 отсто.

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција истакна дека е при крај мобилната болница кај Инфективната клиника.

– Мобилната болница до Инфективната клиника е при крај, таму се поставуваат креветите, завршен е доводот со воздух, греење и ладење. Веќе во текот на утрешниот ден ќе биде во функција, а целосно до крајот на неделава-рече Филипче.

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Министерот истакна дека капацитетот на Инфективната клиника не е целосно исполнет, односно дека е исполнета само 50 отсто.

Во тек е надополнуваее со кадри од Клиниката за анестезиологија, медицински сестри, поддрршка на персоналот кој работи на Инфективната клиника.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот