Филипче: Медицинска сестра од Куманово е позитивна на коронавирусот, четири медицински лица во самоизолација

Сите пациенти од заводот за рехабилитација се испишани и упатени на домашно лекување. Во Охрид е завршен увидот, изречени се казни на претходната директорка, на доктори специјалисти од одделот инфектологија, како и на самата институција. Ќе има увид и од лекарската комора и ќе заседава етичката комисија на лекарската комора, рече министерот за здравство, Венко Филипче на денешната прес-конференција.

Пациентка од Штип која таму била примена на 26 март, со прв брис негативен. Таа има 80 години се лекувала на одделението за инфективни болести, но по влошување на состојбата и на 30 март е повторно упатена на клиника, тестот е позитивен.

– Заради внимание, 4 медицински лица ќе бидат во самоизолација. Направена е прераспределба на медицинските сестри, 8 ќе ротираат од други одделенија. Една медицинска сестра од Куманово која работи на Клиниката за пулмологија, минатата недела била во резервен тим, вчера почувствувала зголемена телесна температура, земен е брис. Истата е позивина на корона, за овие два дена додека била на клиниката била со целосна заштита опрема, но направени се интервјуа и со колегите, па ќе се постапи согласно податоците, рече Филипче.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот