Филипче: Лесно зголемување на бројот на заразени, 70% од новите случаи се со британски сој

фото Архива

Министерот за здравство, д-р Венко Филипче, во денешната изјава за медиумите истакна дека целокупниот здравствен систем и здравствените работници добро се справија со ковид кризата. Јавното здравство веднаш се реорганизираше и ниту еден пациент не остана без потребната здравствена услуга. Тој потенцираше дека во моментов сме во ситуација во која има лесно зголемување на бројот на заразени од коронавирусот, со што факторот Р0 се зголемува.

– Не можеме да бидеме сигурни дали тоа ќе биде тренд и ќе продолжи и понатаму или мини бран кој се случува овие денови. Анализата на вирусот покажа дека 70 отсто од вкупно новодијагностицираните случаи се пациенти кои се заразени со британскиот сој на вирусот. Викендов ќе се анализира ситуацијата во одредени градови, посебно во Кавадарци, Прилеп и Охрид. Врз основа на тие анализи ќе видиме, ќе се препорачаат мерки, рече министерот Филипче.

Во изјава за медиумите, тој информираше дека потпишан е договорот за набавка на руската вакцина и секојдневно течат разговорите како за вакцините од компанијата „Фајзер“, така и за кинеските вакцини.

Во однос на вакцинацијата на здравствените работници, Филипче истакна дека завршена е имунизацијата на медицинскиот персонал од Скопје кој работи со ковид пациенти.

– Сега продолжува и од другите болнички институции во државата. Следуваат и лабораториите кадешто се дијагностицира ковид-19, ќе следуваат матичните лекари, дел од стоматолозите со што ќе биде заокружен процесот од речиси 4000 здравствени работници, кои работат со ковид пациенти, посочи Филипче.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот