Филипче – Ле Риголер: Евроинтеграцискиот процес мора да продолжи, Северна Македонија заслужува да биде дел од ЕУ

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, денеска се сретна со новоименуваниот амбасадор на Француската Република, Кристоф Ле Риголер, на која, како што информираат од СДСМ, Филипче, го информирал амбасадорот за актулените и идните политики на партијата, како и за започнатите реформски процеси за зајакнување на партијата како единствена европски оринетирана социјалдемократска партија.

Воедно на средбата се разговарало за процесот за евроинтеграција на државата, при што претседателот Филипче посочи дека додека Владата ја предводеше СДСМ, се вложи сиот политички капацитет на полето на добрососедските односи и забрзување на евроинтеграцискиот процес. При тоа напомена дека загрижува моменталната  политика на актуелната власт во делот на евроинтеграциите.

-Актуелната власт сè уште не претстави јасна стратегија или конкретни чекори за продолжување на евроинтеграциите, и тоа загрижува. СДСМ, пак, демонстрира јасна визија за европски напредок и останува цврсто посветена на патот кон ЕУ, со акцент на исполнувањето на преговарачката рамка и клучните реформи,  рече Филипче, стои во соопштението.

На средбата Филипче и Ле Риголер, разговарале и за досегашните билатерални односи како и за можноста за продлабочување на соработката помеѓу Северна Македонија и Франција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот