Филипче: Лани се вработиле 3.200 лица во здравството, 1.600 доктори работат со договор на дело

Само минатата година, обезбедени се 3.200 финансиски согласности за вработување во јавните здравствени институции во земјава и таа динамика продолжува и оваа година, рече министерот за здравство Венко Филипче. Како што информира тој, со договор на дело работат 1.600 доктори, а сите други се средно медицински персонал пренесува Фокус.

– Вчера најавивме дека на сите кои се вработени во јавните здравствени установи со договор на дело ќе бидат трансформани, односно ќе добијат договор за работен однос на неопределено време, за што во текот на денешниот ден ќе упатиме известување до сите извори да ни дадат соодветно барање за такво трансформирање на работниот однос. Дополнително, на сите овие мерки за вработување го распишавме огласот за вработување, односно стражирање на шест месеци засега – изјави Филипче.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот