Филипче: Лани се вработиле 3.200 лица во здравството, 1.600 доктори работат со договор на дело - Слободен печат
ВестиМакедонија

Филипче: Лани се вработиле 3.200 лица во здравството, 1.600 доктори работат со договор на дело

Сите кои се вработени во јавните здравствени установи со договор на дело ќе бидат трансформани, односно ќе добијат договор за работен однос на неопределено време.

Само минатата година, обезбедени се 3.200 финансиски согласности за вработување во јавните здравствени институции во земјава и таа динамика продолжува и оваа година, рече министерот за здравство Венко Филипче. Како што информира тој, со договор на дело работат 1.600 доктори, а сите други се средно медицински персонал пренесува Фокус.

– Вчера најавивме дека на сите кои се вработени во јавните здравствени установи со договор на дело ќе бидат трансформани, односно ќе добијат договор за работен однос на неопределено време, за што во текот на денешниот ден ќе упатиме известување до сите извори да ни дадат соодветно барање за такво трансформирање на работниот однос. Дополнително, на сите овие мерки за вработување го распишавме огласот за вработување, односно стражирање на шест месеци засега – изјави Филипче.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Слични артикли

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close