Филипче: Колку постабилна епидемиолошката слика во ноември, толку повеќе деца во училиште

Стабилна епидемиолошка состојба во ноември ќе значи физичко присуство во училиште за уште некоја група на деца, порача министерот за здравство, Венко Филипче. Еден е ризикот, потенцира тој, да бидат стотина деца од прво до трето одделение со физичко присуство во училиштата, но, како што нагласи, повеќе од двојно ќе биде ризикот уште толку деца да ставиме од четврто, од петто и од шесто одделение на почетокот на октомври, бидејќи тие се во контакт со истите наставници.

– На пример, ако некоја наставничка е позитивна и дојде во контакт со голем број деца, тие се сите во ризик. Затоа одиме дел по дел, потенцира Филипче.

Тој истакна дека секоја од мерките се носени и препорачани за да се почитуваат. Граѓаните, вели, мора да бидат свесни дека така го штитат и сопственото здравје и здравјето на своите најблиски.

– Препораките за постепен влез во есенските месеци, за постепено пуштање во функција на градинките, на училиштата, рестрикцијата на бројот на ученици во училиштата е токму поради тоа. Не сакаме огромен број на ризик фактори да се сконцентрираат во еден временски период. Сметаме дека во месец септември луѓето се веќе на работните места и повеќе се наоѓаат во затворено, рече Филипче.

Посочи дека не може да се запре со животот.

– Ние може само да видиме и да следиме искуства што се случува во други земји, во светот во кои мерките не се почитуваат. Сега случај е Израел. После наглото отворање на училиштата и на градинките, тие се принудени да воведат карантин за период од три недели. Ние имаме протоколи и начин на функционирање и на апсолутно сите економски оператори. Тоа е теркот по кој ќе се живее. Не може да ставаме рестрикции што може да дадат лоши ефекти на среден и на долг рок и ќе се одразат и на здравјето на граѓаните. Едноставно се смени животот насекаде. Граѓаните да бидат свесни дека треба да се почитуваат мерките, потенцираше Филипче.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот