Филипче: Ќе се прави обдукција на починатата родилка од Охрид, се чека резултат од брисот на починатиот пациент од Битола

Мкнистерот за здравство Венко Филипче на редовната прес-конференија информираше за двете родилки кои биле примени на ГАК, како и за брисевите на починатите пациенти од Струга и Битола.

-Второродка од Куманово на возраст од 27 години, која на 30 март е примена во вечерните часови со намалена плодова вода е породена со царски рез. Пациентката е породена по патеката за изолација, бидејќи била суспектна за коронавирус. На тоа укажуват податоци од матичниот лекар, брисот е стигнат на 31 март и е позитивен. Родено е машко новороденче, кое сега е на интензивна нега. Бебето е изолирано, не е на респираторна машина и денес ќе му биде земен брис иако ретко има вертикален пренос од страна на мајката.

Пациентката на приемот немала температура, иако имала претходните денови и истата пријавила дека член на семејството има симптоми кои укажуваат на коронавирус.

Другатa родилка е донесена попладне вчера со високо фебрилна температура од Охрид со констатиран мртов плод. Направени се целосно анализи, земен е брис за корона вирус, лекарите го извадија плодот и е отргнат и гној, кој може да биде причина за фебрилност, но сепак се уште се чекаат резултатите од брисот. За време на интервенцијата се влошува состојата, направен е обид за реанимација, но во 22 часот е констатирана смрт. Ќе биде направена обдукција. Пациентката била со прекумерна тежина, висок крвен притисок и тахикардија.

Двете родилки се третирани според протоколот за изолација во ГАК, која е институција која ги породува и третира сите родилки. Со оглед на тоа што во болницата 8-ми септември се прават други интервенции за суспектни лица, нема гинеколошко акушерско одделение за да се растерети работата на клиниката. Други сличаи по потреба се насочуваат во Чаир.

Сите пацинетки кои доаѓаат да се придржуваат до сите насоки, да ги кажуваат точните информации.

Што се однесува до пациентката која во неделата наутро почина во болница во Струга, а на која постморум и е земен брис, истиот е позитивен на Ковид-19. Се чека резултатот на пациентот од Битола. Во однос на породилното отсуство, во овој момент се спрема законско решение.

Во Охрид е завршен увидот, изречени се казни на претходната директорка, на доктори специјалисти од одделот инфектологија, како и на самата институција. Ќе има увид и од лекарската комора и ќе заседава етичката комисија на лекарската комора, рече Филипче.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот