Филипче ќе почека со вакцинирањето: Не би сакал да земам место на некој кој има многу поголем ризик од мене да заболи

Министерот за здрваство Венко Филипче изјави дека  ќе се вакцинира против Ковид-19 откако ќе поминат групите на здравствени работници со најголем ризик од инфекција.

– Навистина не би сакал да земам место на некој кој има многу поголем ризик од мене да заболи. Тоа се сепак колегите лекари, медицински сестри  кои секојдневно работат во Ковид центрите каде се хоспитализирани пацинети со Ковид, матичните лекари кои имаат секојдневно  контакт со пациенти се во исклучително висок ризик и вработените во лабораториите. Нека поминат овие првични групи, јас ќе се вакцинирам, понатаму, сигурно, рече Филипче одговораќи на новинарско прашање на денешниот прес пред Министерството за здравство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот