Филипче ќе му помогне во лекувањето на 11 годишниот Борче кој има срцeво заболување

Сторијата за болеста на 11 годишниот Борче од Охрид, кој има вродено срцево заболување, допре до министерот за здравство Венко Филипче. Тој денеска објави дека сите испитувања за 11-годишното момче од Охрид, Борче Лазаревски, ќе бидат бесплатни за да може да продолжи неговото лекување понатаму. 

-Утрово се сретнав со семејството на 11 годишниот Борче Лазаревски од Охрид, чија сторија беше неодамна објавена. Борче има вродено срцево заболување, а во наредниот период за него ќе се направат сите дијагностички испитувања по што ќе се одлучи на кој начин ќе се одвива понатамошното лекување. Сите здравствени услуги за Борче се бесплатни. Ќе направиме сѐ за да ја подобриме неговата здравствената состојба.

11 годишениот Борче има вродена срцева аномалија. Ова семејство покрај со болеста се соочува и со сиромаштија. Мајката Сања е телесен инвалид,  а нејзиниот сопруг Перо работи како таксист.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот