Филипче: Ќе имаме брзи тестови за ковид-19 во болниците и на граничните премини

Брзите тестови за Ковид-19 многу скоро се очекува да бидат достапни и во болниците во нашата држава. Министерот за здравство, Венко Филипче, во вечерашното интервју во „Топ Тема” на ТВ Телма, посочи дека тие како министерство планираат надградување на стратегијата за тестирање, односно ова воспоставување на стратегијата за широко тестирање.

– Последните неколку месеци на пазарот се подостапни брзи тестови за детектирање на вирусот (не на антителата). Меѓутоа се брзи и за 10-15 минути го детектират тоа без потребна лабораторија,  без лабораториски апарат. Значи брис и една мала плочка. За кратко време ќе почнеме со набавка. Тие тестови пред се ќе бидат дистрибуирани во болниците, и во соработка со Центрите за јавно здравје, веројатно на граничните премини. Сето тоа ќе овозможи многу брз резултат на пациентите кои доаѓаат пред се итните, и на тие што им е потребна некаква интервенција. За 15 минути на лице место, без никаква потреба за голема експертиза, ќе знаат вработените дали пациентот е позитивен или негативен, рече министерот Филипче.

Освен во болниците министерот Филипче, додаде дека брзи тестови за Ковид-19 ќе има и на граничните премини, но пред тоа ќе треба да се подготви стратегија.

Меѓу другото, министерот додаде дека ниту една земја нема начин на широко тестирање како што имаме ние, со исклучок на големите земји. Филипче исто така рече дека во државата се тестираат дури и луѓето кои што биле во ризик, а немаат симптоми се со цел да се види да не се случи да има асимптоматски носители. Со такво широко тестирање, министерот посочи дека се штитат и сите луѓе околу позитивните. 

 

За помалку од половина час ќе знаете дали имате корона – брзи тестови за ковид-19 наскоро ќе се појават на пазарот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот