Филипче: Изминатите две години силно кадровско и инфраструктурно унапредување на Kлиничката болница во Тетово – Слободен печат
ВестиМакедонија

Филипче: Изминатите две години силно кадровско и инфраструктурно унапредување на Kлиничката болница во Тетово

Филипче информираше дека од лани болницата соработува со Трауматологија од Скопје од каде специјалисти изведуваат ортопедски интервенции посебно во спинална хирургија, услуга за која се патувало и чекало во главниот град.

Министерот за здравство Венко Филипе денеска ги посети Инфективното одделение и Биохемиската лабораторија во Клиничката болница во Тетово, кои се реновирани.

– Во Инфективното одделение има комплетно нова инфраструктура, кревети и се што потребно за пациентите и персоналот. Во лабораторијата има исто така подобрени услови за работа и прием на пациенти, при што се бележи 20 проценти повеќе услуги од лани, и за болнички пациенти и за пациенти од кои имаат потреба од амбулантски прегеди на крвта, рече министерот Филипче.

Посочи дека болницата и кадровски е силно екипирана.

– Зајакнат е капацитетот во двете изминатите години. Има над 150 луѓе нов персонал, севкупно како и дополнителни 40 лица со договори на дело кои треба да добијат договор на неопределено. Огромен број на субспецијалистисти се вратени и со тоа има нови дејности во болницата, што значи се достапни за сите пациенти во овој регион, а навистина е голем регион со многу жители. Тоа се субспецијалисти од гастроентеропатологија, еднокринологија и нефрологија. Тоа отвора можност за повеќе термини и подобра услуга за сите жители, истакна Филипче.

Информираше дека од лани болницата соработува со Трауматологија од Скопје од каде специјалисти изведуваат ортопедски интервенции посебно во спинална хирургија, услуга за која се патувало и чекало во главниот град.

– Тетовската болница беше дел од Перимак проект со опрема и кадар од гинекологија и неонатално лекување во специјално обучување со кое се подигна за еден степен нивото на родилиште, при што значајно е намалена неонаталната смртност во нашата земја, речиси преполовена во однос на последните осум до девет години, рече Филипче.

Тој посети дека Тетовската болница може да вработува нови доктори од Медицинскиот факултет со мерките за стимулација на вработувањата, и изрази надеж дека медицинскиот персонал нема да заминува од државава со најновите зголемувања на платите од 10 до 25 отсто.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close