Филипче: Искрено се надевам дека нема да биде потребна Мобилната болница

Се расчисти, посочи Филипче, плацот и се обезбеди место каде се постави оваа мобилна болница која ќе има капацитет 130 кревети, практично дуплирајќи го капацитетот на Инфективната клиника.

Целосната инсталација, целосното ставање во функција на мобилната болница, поставена во кругот на Универзитетската клиника за инфективни болести, ќе биде во текот на следната недела. Искрено се надевам дека нема да биде потребна. Сега засега нешто над 50 проценти е пополнет капацитетот на Клиниката.

Ова денеска го изјави министерот за здравство Венко Филипче, кој заедно со вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска и градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, ја посетија локацијата, каде што е поставена мобилната болница.

Тој се заблагодари на Министерството за одбрана, на вицепремиерката и министерка Шекеринска, и на градоначалникот Шилегов, што експресно прво се расчисти просторот, каде беа бараките на поранешниот студентски дом „Медицинар”, кои Град Скопје ги урна и го уреди просторот.

Се расчисти, посочи Филипче, плацот и се обезбеди место каде се постави оваа мобилна болница која ќе има капацитет 130 кревети, практично дуплирајќи го капацитетот на Инфективната клиника.

– Ова е место кое одлучивме дека е најдобро да биде место каде ќе има доволен број кревети, многу поголем од сега актуелниот, заради тоа што тука е центарот на експертизата, специјалистите по инфективна медицина, медицинските сестри, вклучително и резервниот тим од другите клиники кој ротира како поддршка на Клиниката и на вработените кои имаат соодветен распоред на работа, рече Филипче.

Додаде дека верува оти ќе имаме крива на прием на нови пациенти, кој ќе биде практично амортизиран од Клиниката за инфективни болести.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот