24 C
Скопје

Филипче: Имаме тренд на намалување на бројот на новодијагностицирани случаи со ковид-19

Денеска имаме повторно еден тренд на намалување на бројот на новодијагностицирани случаи со Ковид-19. Бројот на новодијагностицирани е околу 1000, што потврдува дека епидемиолошката крива е во континуиран пад и тоа еден добар податок. Тоа значи дека мерките во рамките на предвидувањата ги даваат своите резултати, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Посочи дека притисокот во болниците е се уште голем со оглед на тоа што се уште има голема бројка на дијагностицирани.

– Во сите јавно-здравствени установи согласно распоредите и прераспределбата на пациенти има слободни болнички кревети и во Скопје на Интерните клиники и во ковид – центарот во Заводот за рехаблитација во Козле, како и во другите градови. Се прави прераспределба на пациенти од другите градови ако треба. Во овој момент се преоптоварени болниците во Куманово и во Битола и тоа на дневно ниво го менаџираме, рече Филипче.

Тој потенцира дека добро се одвива вакцинацијата и заклучно со вчерашниот ден близу 30 000 граѓани се вакцинирани.

Поврзани вести

Скопјанката Марина преживеа пекол: Тепањето и модринките ни стана секојдневие, едвај со синот побегнавме од насилникот

Мими Стојановска

Приведено лице на скопскиот аеродром, запленети марихуана и хашиш

Слободен печат

Средба на претседателот Пендаровски со косовската претседателка Османи

Слободен печат

Пендаровски: Процесот на преговори не смее да се оптоварува со историски контроверзии кои немаат ништо заедничко со евроатлантските интеграции

Слободен печат

Во Боливија уништени три големи импровизирани фабрики за производство на кокаин

Слободен печат

Лавров: Чешка и САД се на „црната листа” поради активности против Москва

Слободен печат

Остави Коментар