Филипче: Имаме контакти со наши лекари од Италија, до вчера направени се 1.800 тестови

Точната бројка на заболени здравствени работници вечера беше 17, но тоа се здравствени работници кои не биле свесни дека имаат контакт со некој заболен. Од луѓето кои работат на Инфективна нема ниту еден сомнителен за коронавирус, рече министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција.

– Во однос на препораките од СЗО, само една работа е заедничка тоа е социјалната дистанца. Сите мерки кои ги донесовме се во таа насока. Може да се зборува за различни опции во терапија и тестирање, но само дистанцата е нешто што со сигурност го спречува патот на ширење на вирусот, вели Филипче.

Тој смета дека лекарите од други земји помагаат во размена на искуства, нешто што ние го правиме секојдневно и дека има мини група од експерти, кои гледаат опции и начини на имплементација кај нашите пациенти, како и контакти со наши лекари во Италија, од каде може многу да се научи.

– Заклучно со вчера направени се 1800 тестови. Каде и да има заболен и во која и да е институција, сигурно се контактираат епидемиолози за примарни и секундарни контакти, вели Филипче

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот