Филипче: Имаме 22 новозаболени од Ковид-19

Во изминатите 24 часа направени се 362 тестирања, со што вкупната бројка до сега достигна 1.421 заболени, изјави на денешната прес конференција министерот за здравство Венко Филипче..

Денеска се регистрирани 36 оздравени пациенти, но за жал шест пациенти се починати. Во изминатите 24 часа направени се 362 тестирања и 22 нови случаеви, со што вкупната бројка до сега достигна 1.421 заболени. Петмина пациенти се примени на Инфективна, а тројца во болницата „8 Септември“, изјави на денешната прес конференција министерот за здравство Венко Филипче.

– Во петок, сабота и недела, за деновите од празникот ќе биде дозволено движење од 5 часот наутро до 14 часот – изјави Филипче.

Според него, ова е доволно време за граѓаните да прошетаат или да пазарат, но нагласи дека мора да се носи заштитната маска и да се држи дистанца од два метра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот