Филипче: Има 11 случаи на заразени здравствени работници во болницата „8 Септември“ (ВИДЕО)

Скопје, 3 јуни 2020 / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Има 11 случаи на заразени здравствени работници во болницата „8 Септември“, 1 доктор, 2 болничари, 7 медицински сестри и 1 техничар, рече министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција.

-Но работата не е компромитирана, утрово имавме состанок со инфектологот од болницата „8 Септември“ договоривме начин на тестирање на луѓето коишто биле во највисок ризик со веќе потврдените. Сите вработени со пациентите носеле заштина опрема- рече Филипче.

На Гинеколошко акушерската клиника имаме две лица заразени, сестра и техничар, во овој момент траат анализата и анкетите, потенцираше Филипче.

-Сметам дека е потврдена исправноста на одлуката за воведување дополнителна рестрикција во главниот град и во другите региони каде има заразени- рече Филипче.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот