Филипче и Комисијата за заразни болести бараат антиковид мерки за Тетово

Фото: Facebook/Венко Филипче

Министерот за здравство д-р Венко Филипче на утринската координација со членови на Комисијата за заразни болести разговараа за епидемиолошката состојба во Тетово и се договорија до ГККШ на Владата да предложат нови мерки за овој регион, за да се спречи рапидното ширење на вирусот Ковид 19, соопштија од Министерството за здравство.

Состојбата во Тетово е крајно сериозна и новиот бран е веќе пристигнат, а тоа беше за очекување бидејќи состојбата е слична секаде во регионот.

Летните одмори донесоа голема фреквенција на движење и тоа беше очекувано, оттука мора да се вратат одредени мерки на сила за да се спречи поголемо ширење на вирусот.

Анализите кои беа изработени изминативе денови од страна на ИЈЗ укажуваат дека, вирусот пред се се шири кај невакцинираните, над 90% од новите случаи се невакцинирани граѓани. Од друга страна во Тетово опфатот со вакцинација е под 20% .

Како кластери каде најбрзо се шири вирусот се свадби и прослави на затворено кои ги има многу во овој регион,а според информациите на локално ниво воопшто не се почитуваат мерките за превенција, пред се носење маски на затворено.

Министерот и членовите на Комисијата на ГККШ ги предлагаат следните мерки и рестрикции:

-Забрана за одржување на сите масовни настани на затворено, свадби, прослави. Ова е клучно да се почитува во следниот период, а граѓаните мора да разберат дека оваа мерка е нужна.

-Исполнетост на затворениот дел од угостителските објекти не смее да надминува 30%, а на масите не смеат да седат повеќе од 4 лица.

-Засилени контроли за спроведување на овие мерки но и мерките за лична заштита и тоа пред се носење маски на затворено.

Засилување на теренската вакцинација и комуникацијата на локално ниво со цел зголемување на опфатот, бидејќи е јасно дека само со вакцинација може да спречиме и ширење, и ризици од тешко заболување кај пациентите.

Од анализата на ИЈЗ за изминатиов период само 11 пациенти кои биле целосно вакцинирани досега се хоспитализирани, само 167 воопшто се инфицирале од преку 400.000 вакцинирани граѓани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот