Филипче: Границите остануваат отворени додека не се добијат информации за епидемиолошката слика од соседните земји

Венко Филипче / Скопје, 29 јуни 2020 / Фото: Драган Митрески - Слободен печат.
Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче денеска од Охрид информираше дека Комисијата за заразни болести претпладнево остварила комуникација со претставници на околните земји и до крај на денот се очекуваат информации за состојбата со корона вирусот во целиот регион.
Комисијата ја следи состојбата и засега границите остануваат отворени додека не се добијат потребните информации за епидемиолошката слика од соседните земји.
-Последните статистики насекаде во светот покажуваат дека пандемијата не спласнува, има се повеќе пациенти, секаде каде се опуштаат рестриктивните мерки има многу нови заразени. Имаме податоци за поголем број заразени и во околните земји. Утрово на Комисијата за заразни болести направивме една интензивна комуникација со претставници на здравствените институции и здравствените власти во сите околни земји со цел да ја согледаме вистинската епидемиолошка слика во целиот регион и дел од тие информации очекуваме да стигнат до крајот на денот”, потенцираше министерот Филипче во изјава за медиумите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот