-9 C
Скопје

Филипче: Градинките ќе започнат со работа на почетокот на јуни, а отворањето на границите се очекува кон средината на јуни

Министерот за здравство Венко Филипче информираше дека скринингот во градинките завршува следната недела, најавувајќи дека детските установи ќе започнат со работа кон почетокот на јуни.

– Оваа недела би требало да заврши скринингот и веќе од онаа следна недела градинките ќе почнат со работа, значи отприлика на почетокот на јуни, рече Филипче во интервју на Телевизија 24.

На новинарското прашање кога се планира да се отворат границите, министерот нагласи дека тоа се очекува кон средината на јуни.

–Го чекаме ставот од грчката страна, мислам дека е многу рано да се отворат границите. Средина на јуни се очекува отворање на границите, тоа е разумен период кога би можеле да се отворат границите, посочи Филипче, апелирајќи дека луѓето можат да одат каде било доколку ги почитуваат мерките.

Прочитајте и...  МЗ: Вкупно 620 лица во моментов се хоспитализирани

Поврзани вести

Истражување: Со намалување на загадувањето може да се спречат околу 50 илјади смртни случаи во Европа

Слободен печат

МВР: Расчистен е случајот со незаконско минување на патарина објавен на „Тик ток”, лицето не е вработено во МВР

Слободен печат

🔴 ОД МИНУТА ВО МИНУТА I Бајден денес станува претседател: Вашингтон е под опсада на војската

Слободен печат

Утре без струја дел од општините Ѓорче Петров и Сопиште, како и дел од индустриската зона Бунарџик

Слободен печат

ВИДЕО | Андоновиќ: Последните часови на мандатот на Трамп – Бајден денеска станува 46. претседател на САД

Слободен печат

Корекции на пензиите: Пензионерите од јануари со 185 денари повеќе на сметките

Слободен печат

Остави Коментар