Филипче го најави карантинот, а штипската Клиничка болница сè уште нема писмено известување

Директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев за МИА вели дека чекаат насоки од ресорното министерство како ќе се одвива оваа постапка.

Клиничка болница-Штип сè уште нема добиено писмено известување од Министерството за здравство за карантинот за коронавирусот, што вчера во изјава за медиумите го најави министерот Венко Филипче.

Директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев за МИА вели дека чекаат насоки од ресорното министерство како ќе се одвива оваа постапка.

Тој најави дека новинарите и јавноста ќе бидат информира на прес-конференција и тоа во моментот, кога ќе го добијат известувањето и какви насоки ќе имаат од ресорното министерство.

Инфективното одделение во рамките на Клиничка болница-Штип е единственото вакво одделение во источниот регион, а во него за здравјето на 200.000 потенцијални пациенти од овој регион се грижат  тројца инфектолози. Во рамките на оваа одделение во моментов имаат  две карантин соби за по едно лице.  Останатите болнички соби се со капацитет од 35 болнички кревети. Зградата на Инфективното одделение е посебен објект во кругот на болницата, а во едно од крилата на овој објект привремено е сместено одделението за Неврологија. 

На денешната прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче истакна дека има сосема доволна количина потребен материјал, односно оти располагаат со околу 40.000 маски и 10.000 мантили и скафандери со кислород и 150 болнички кревети за пациенти кај кои ќе се појават симптоми на вирусот во Скопје, Штип, Велес и Гостивар.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот