17.8 C
Скопје

Филипче: Епидемиолошката слика во земјава е добра и нема простор за загриженост

Министерот за здравство Венко Филипче во вечерашното гостување во емисијата „Само вистина“ на телевизијата Канал 5 рече дека епидемиолошката слика во земјава е добра и нема простор за загрижување кај граѓаните и воедно дека нема ризик за организирање на семејни прослави и културни настани во текот на ова лето.

– Засега треба да сме спокојни. Заради тоа се и попуштањата на мерките. Но, треба да бидеме претпазливи, бидејќи овој вирус е непредвидлив. Будно ја следиме состојбата. Важно е дека и покрај тоа што има одредени бранови во некои земји, нема смртни случаи. Вакцината штити од тешка форма на болеста и смрт. Ако продолжиме со ова темпо, полицискиот час ќе се укине, а се очекува да имаме концерти ова лето, семејни прослави. Нема ризик за организирање на такво нешто, кажа министерот Филипче.

Тој очекува на почетокот на септември да биде вакцинирано 60 отсто од населението, што е сосема доволно да имаме одреден имунитет.

– Треба да се вакцинираат 1 200 000 лица. Кај нас се вакцинирани 50 отсто од оние кои се над 70 години, а 42 проценти од лицата над 65 години. И така беше предвидено во Националната стратегија за имунизација. Во овој момент, за вакцинација чекаат уште 180 000 граѓани. Од нив, 40 отсто се над 60 години и тие ќе бидат први вакцинирани, изјави Филипче.

Тој соопшти дека од утре ќе бидат дистрибуирани 30.000 вакцини од „Синовак” добиени од Турција, а в понделеник стигнува новата количина на „Фајзер”.

– До крајот на следната недела, очекуваме да пристигнат 500 000 вакцини од „Синовак“. Со овие дози ќе се вакцинираат сите што чекаат и така бројот ва вакцинирани ќе достигне 430 000, што е околу една третитна од тие што треба да се вакцинираат. И тоа ни дава за право, да кажеме дека до крајот на летото, некаде почетокот на септември околу 60 отсто да бидат вакцинирани, што е сосема доволно да кажеме дека има одреден степен на имунитет, нагласи Филипче.

Во однос на тоа дали протерувањето на рускиот дипломат ќе придонесе да не стигнат нови количини на „Спутник”, Филипче рече дека Владата има одлична комуникација со рускиот амбасадор. Доцнењето на руските вакцини го гледа во тоа што Русија е зафатена со вакцинирање на своето население. Тој се надева дека вакцината „Спутник”, од 15 јуни, ќе може да ја добиеме од Србија.

Филипче, меѓудругото рече дека со опозицијата немаат никаква соработка за време на пандемијата и оти таа само опструира. Тој посочи дека ВМРО-ДПМНЕ постојано критикува, но не нуди решенија.

За обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ дека новиот Клинички центар, кој ќе чини над 500 милиони евра, ќе биде четирипати поскап од оној во Белград, Филипче рече дека не може двете работи да се споредуваат оти белградскиот само се реновира и доградува, а оној кој го предлага Владата е комплетно нова зграда.

Поврзани вести

Состојбата му е сериозна: Четиринаесетгодишно момче од Загреб испило литар вотка и завршило во болница

Катерина Стевовска

ВИДЕО | Заев: Ја враќаме довербата меѓу македонскиот и бугарскиот народ

Слободен печат

СЗО: Делта сојот полека станува доминантен во светот

Слободен печат

ВИДЕО | Ѓорчев: Бугарија има проблем со реалноста за постоењето на македонската нација и македонскиот јазик

Слободен печат

Санкционирани 83 возачи на автопатот Скопје – Велес поради брзо возење

Слободен печат

ВИДЕО | Трагедија во Перу: Во автобуска несреќа загинаа 17 патници

Слободен печат

Остави Коментар