Филипче: Двајца анестезиолози заминуваат од „8 Септември“, чекаме информации од Србија и Косово за да препорачаме мерки (ВИДЕО)

Важно е да се спроведат епидемиолошки анкети за контакти. Има ситуација и во Скопје и Штип кај нема поврзаност со кластери. Со барање на контактите се стигнува до бараните информации. Има механизам, па и да е непознат кластер, рече министерот Филипче за новозаболените случаи во овие два града.

Тој потоа на новинарски прашања истакна дека се чекаат информации од Косово и Србија за ситуацијата со Ковид-19, но и дека има Уредба за ротација на медицински персонал.

-Интензивно разговараме и чекаме информации. Можно е деновиве да препорачаме мерки, ако утврдиме дека ризикот од влез може да го загрози нашиот систем. За време на викендот немаше индикација за некоја опасност. Но, чекаме информации и од Србија и Косово.

Прочитајте и...  Фејсбук отстрани повеќе од седум милиони објави со лажни информации за коронавирусот

Имаше интерес за премин на доктори и медицински сестри од приватно во јавно здравство. Двајца анестезиолози дојдоа во „8 Септември“, еден сака да се врати назад и уште една докторка која работи во болницата повеќе години. Во таа смисла, нема да има недостаток од вкупниот број, но минатата недела зборуваме за замена и помош на колегите анестезиолози и ќе има дополнување за да не трпи оперативниот програм на хирушките клиники. На почетокот на кризата не знаејќи со што се соочуваме, донесовме и една Уредба за ротација на лекарите и медицинскиот персонал. Но, засега нема потреба. Во таа смисла се пријавија 4 анестезиолози, но засега треба само двајца. Не се само анестезиолозите кои се вклучени во овој систем на ротација. Колегите интернисти, посебно пулмолозите се вклучија целосно од Институтот за туберкулоза, луѓе кои имаат исксуство за белодробни заболувања и од Хематологија, правејќи специфични анализи за сите пациенти, без разлика каде се хоспитализирани. Сите се во систем на соработка.

Прочитајте и...  Продолжуваат немирите во Бејрут: Демонстрантите фрлаа петарди, полицијата возврати со солзавец (ФОТО)

Есенските месеци ќе бидат ризик за влошување на ситуацијата, отворање на градинки, училишта е дополнителен ризик и затоа се овие подготовки на дополнителен број кревети. Повторно е до сите нас, бидејќи колку повеќе почитуваме мерки, практично го сведуваат ризикот на минимум. Таа  фрекфенција на дружење, есенските месеци со поладно време, граѓаните и да чекаат ред надвор ако е лошо ќе мора да се внатре е дополнителен ризик. На ова укажа и СЗО. Дополнителна мерка е рестрикција на движењето. Ако не се придржуваме до мерките ќе следат рестриктивни мерки., рече Филипче.

Прочитај повеќе

Средба Заев – Гаши во хотел Белви

Слободен печат

Инцидент во миланската катедрала Дуомо: Уапсено едно лице

Слободен печат

Се намали вредноста на благородните метали поради руската вакцина за ковид-19

Слободен печат

Во Дебар двајца новозаразени од Ковид-19 и осум оздравени лица

Слободен печат

Нови 130 случаи на коронавирус во Хрватска

Слободен печат

Дел од Карпош без вода

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Милановиќ во приватна посета на Албанија по покана на Рама

Слободен печат

Солидарност со повредените: Стотици жени во бело формираа „жив синџир“ на плоштадот во Минск (ФОТО)

Слободен печат

Кичево: Четворица новозаразени и шестмина оздравени од Ковид-19

Слободен печат

Граѓаните бараат спас од Вардариште

Во Кина откриле коронавирус на пакети со замрзнати морски ракчиња од Еквадор

Слободен печат

Шпан: Не е важно кој е прв, важно е вакцината да биде ефикасна

Слободен печат