Филипче: Државата има капацитет да спроведе попис во време на пандемија

Пописот може да се изведе и да се заврши по сите здравствени протоколи. Консензус на ниво на Светската здравствена организација е дека ниту еден процес и постапка не треба да запре, туку треба да се спроведува со протоколи кои се универзално прифатени во сите земји, истакнува министерот за здравство Венко Филипче.

Тој на онлајн конференцијата организирана од страна на „Рома Интеграцион Центрум”, посочи дека Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести се на располагање за едукација и донесување на протоколи за спроведување на оваа статистичка операција.

– Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести сме на располагање на сите чинители кои ќе бидат вклучени во процесот на спроведување на пописот. Ќе дадеме свои укажувања, доколку е потребно може да имаме и мини едукација како тоа да биде организирано од институциите кои што ќе го водат тој процес, истакна Филипче.

Како позитивен пример го посочи изборниот процес кој во делот на спроведувањето на здравствените протоколи помина без ниту една забелешка.

– Сѐ ова ни дава право да кажеме и можеме да ве увериме дека процесот со пописот може да се изведе и да се заврши по сите здравствени протоколи, рече Филипче.

Собранието денеска го донесе Законот за попис кој е планирано да се спроведе во првите недели од април годинава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот