Филипче: Достапна апликација за мобилните телефони за следење на информациите со КОВИД-19

Министерот за здравство Венко Филипче на неговиот официјален фејсбук профил информира дека е достапна апликација „КОРОНАВИРУС МК” за мобилните телефони, која може да се преземе од веб страницата на Владата за следење на најновите информации поврзани со ситуацијата со епидемијата од коронавирусот.

-Сите информации за ситуацијата со КОВИД-19 на вашиот телефон! Преземете ја апликацијата од koronavirus.gov.mk/app – следете ги најновите вести, дневни статистики и совети за како да се заштитите од коронавирусот, пишува на фб статусот на министерот Филипче. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот