Филипче: Досега никој од Владата не е тестиран за Ковид 19, не е поминато доволно време

Никој од владата уште не се тестирал за коронавирусот, откако отидоа во самоизолација премиерот Оливер Спасовски, вицепремиерот Бујар Османи, министрите за образование и здравство Арбер Адеми и Венко Филипче по посетата на Куманово.

Ден по посетата се утврди дека градоначалникот на овој град Максим Димитриевски е позитивен на коронавирусот. Претходниот ден на кризен штаб во градот беше половина влада, а за случајот постапува Државниот санитарен и здравствен инспекторат кој за неколку дена ќе го заврши извештајот.

-Не, уште не се завршени тестирањата заради тоа што не е поминато доволно време, очекуваме седмиот или осмиот ден доколку имала евентуална инкубација да биде регистриран позитивен тест така да во смисла на тоа да се избегнат непотребни тестирања, ќе почекаме соодветна препорака да дадат епидемиолозите. Но досега не сме се тестирале, одговори на прашањето на Слободен печат министерот за здравство Венко Филипче.

Премиерот Оливер Спасовски денеска одговарајќи на нашето прашање рече дека за случајот Куманово ќе се вклучат и други надлежни органи. Тој додаде дека ќе се тестира деновиве и дека има верба во сите лекари и сите нивни препораки.

-Државниот санитарен и здравствен инспекторат излезе на терен, имаше многу аспекти што требаше да бидат утврдени и поврзани со секојдневното работење во услови на оваа криза. И други надлежни органи работат за овој случај. За ден два ќе го имаме целосно извештајот кој ќе ги утврди сите аргументи и факти за настанот и на основа на тоа треба да постапуваат и сите други надлежни органи, рече премиерот Спасовски.

И министерот Филипче беше воздржан за коментар. Дозволете да се финализира овој извештај, за да нема простор за никакви шпекулации па да излеземе во јавноста и од аспект на гледање на Министерството за здравство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот