Филипче до медицинските лица: Благодарност до сите заслужни за професионалноста, одговорноста и енергијата

Министерот за здравство, Венко Филипче вечерва на својата Фејсбук страница сподели фотографија во знак на благодарност до сите здравствени работници кои секојдневно се соочуваат со коронавирусот и кои даваат сѐ од себе за здравјето на сите граѓани.

– Во процесот на вакцинација клучната работа ја вршат здравствените работници, сестри и студенти на Фармацевтски факултет кои секојдневно се среќаваат со безброј граѓани во А1 Арената Борис Трајковски. Тие како и многу други кои работат на пунктовите низ државата ги поминаа сите неопходни обуки за вршење на оваа задача. Благодарност до сите за одговорноста, професионалноста и енергијата која ја споделуваат со граѓаните, се вели во објавата на Филипче.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот