Филипче: ДНК анализите на починатите во автобуската несреќа во Бугарија ќе бидат завршени денеска или утре

автобуска несреќа бугарија
Автобуска несреќа во Бугарија, загинаа 46 патници од Македонија/Фото: Nikolay DOYCHINOV / AFP / Profimedia

Министерот за здравство Венко Филипче изјави дека денеска или утре треба да завршат ДНК анализите на починатите во автобуската несреќа во Бугарија, по што, како што рече, ќе се организира транспортот на нивните тела во земјава.

– Интензивно се работи да се завршат ДНК анализите. Тоа го работат колегите во Бугарија, нашите колеги тука од Институтот за судска медицина се во секојдневна комуникација со нив. Тоа е нешто што треба да се заврши денеска или утре по што ќе се организира транспортот на телата на починатите, рече Филипче во одговор на новинарско прашање по прес-конференцијата на Здружението на луѓето што живеат со ХИВ – Заедно посилни по повод Светскиот ден на СИДА.

Автобуската несреќа се случи ноќта меѓу 22 и 23 ноември кога автобус на „Беса транс” на враќање од Истанбул се запали на патот „Струма” во близина на Софија.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот