Филипче: Денеска имаме скок на новодијагностицирани пациенти од Ковид-19

На Инфективната клиника има 44 пациенти, рече министерот, а во болницата „8 Септември“ има осум нови пациенти.

Регистрирани се 22 оздравени пациенти, а за жал еден пациент од Велес починал на пат кон Инфективна клиника, изјави денеска министерот за министерот за здравство Венко Филипче.

– Од почетокот на пандемијата до сега има 1.572 заболени и 89 починати. Денеска имаме скок на новодијагностицирани пациенти. Тоа се резултати од само 24 часа и не може ништо да заклучиме – рече Филипче.

На Инфективната клиника има 44 пациенти, рече министерот, а во болницата „8 Септември“ има осум нови пациенти.

Нагласи дека веќе пристигнала вест дека од Норвешка ќе пристигнат нови 20 респираторни машини.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот