Филипче: Дел од стратегијата е двојно зголемување на бесплатните сезонски вакцини против грип

Вакцината нема да биде задолжителна, но е важна мерка за заштита за луѓето од најранливите групи.

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче во изјава за телевизија Алсат истакна дека ресорното министерство презема чекори за зголемување на болничките капацитети со 16 нови ковид центри, зголемување на капацитетите за брза дијагностика, како и зајакнување на медицинскиот персонал во пресрет на есенскиот евентуален нов бран од ковид-19.

Тој потенцираше дека се подготвуваат 16 ковид центри по примерот на монтажната модуларната болница, која се наоѓа веднаш до Инфективната клиника. Со овој чекор, се зголемува бројот на болнички кревети во сите болници низ територијата на цела Република Северна Македонија. Преку овој начин, целосно ќе се оделат овие пациенти со ковид-19 од редовните програми на болниците. Во центрите ќе има брза дијагностика. Веднаш да се знае после приемот дали пациентот е носител или не на вирусот. Да се знае по која патека да се движи. Младите лекари, кои добија лиценци за работа веќе прифатија огромен дел од нив пред неколку недели, да работат со своите постари колеги.

Во изјавата на телевизија Алсат, министерот Филипче посочи дека дел од стратегијата е двојно зголемување на бесплатните сезонски вакцини против грип. Вакцината нема да биде задолжителна, но е важна мерка за заштита за луѓето од најранливите групи.

„Ќе ги вакцинираме сите лица постари од 65 години, пензионери, ќе има вакцина и за здравствените работници, за трудниците…тие коишто сметаме дека најмногу треба да се заштитат. Верувам дека ќе има добар одзив, и дека ќе прифатат вакцинација. Да се заштитат барем од сезонскиот грип, заради тоа што за тоа има заштита-вакцина. Сега гледаме колку е вакцинацијата битна, кога се соочуваме со болест за која што нема вакцина” – изјави Филипче.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот